ДЕМАНТ до Нетпрес за т.н вест: „Апасиев и’ обезбеди кворум на власта за избор на Кацарска и за договорот важен за ‘Макпетрол’ и Телма“

лого-ќош-лево-НОВО

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Почитувани,

Најостро ги демантираме лагите пренесени и изнесени на вашиот портал во т.н. вест со наслов: „Апасиев и’ обезбеди кворум на власта за избор на Кацарска и за договорот важен за ‘Макпетрол’ и Телма“.

Како прво, од нашата последна објава на главниот пејџ на Левица, кадешто има видео на кое има обраќање и расправа помеѓу нашиот пратеник, Димитар Апасиев и спикерот, Талат Џафери, може да се утврди дека, после оваа вербална расправија, нашите пратеници ја напуштија салата, по што не се ни вратија.

Потенцираме дека, обраќањето на нашиот пратеник, Апасиев се случи околу 13:30 часот попладне, а гласањето на Кацарска, како и договорот за „Макпетрол“ и Телма, се случиле пред 16ч. Нагласуваме дека, тоа се различни седници. Нашите пратеници присуствуваа само на првата, односно на утврдувањето на Дневниот ред од истата, така што, оттука, со вашите лажни вести предизвикувате замајување на јавноста и ширење на дезинформации.

Ве замолуваме да се придржувате до правилата и законите, така што овој ДЕМАНТ, ќе го објавите во истата вест (на следниот линк: https://netpress.com.mk/apasiev-obezbedi-kvorum-na-vlasta-za-izbor-na-kacarska-i-za-dogovorot-vazhen-za-makpetrol-i-telma/), која е демантирана од наша страна.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
26 ноември, 2020

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ