(Видео) Градинките во Кавадарци бесплатни од септември по иницијатива на Левица

krume

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Иницијативата на Левица престојот во детските градинки да биде бесплатен беше усвоена со неколку заклучоци и дополнувања!

Од септември Општина Кавадарци ќе биде првата Општина во Македонија каде престојот и исхраната на децата во детските градинки ќе биде бесплатен.

Градоначалникот Митко Јанчев предложи дополнувања за ефективна реализација на оваа иницијатива и тоа:

1. а централната власт преку Министерство за финансии/Ministria и Министерство за труд и социјална политика ги одобри вработувањата за воспитен кадар во ЈОУДГ ,,Рада Поцева” онаму каде што се планираат пензионирања или отварање на нови капацитети.

2.Услов за ослободување од партиципација е да приходите на родителот не бидат повисоки од просечната месечна плата (која месецов е околу 31 000 денари), со цел да се спречи злоупотреба на мерките од привилегираните во општеството!

Советничката група на СДСМ Кавадарци ја поддржа иницијативата со свои заклучоци кои не беа усвоени по долгата дискусија!

Членот на Советот Krume Bogevski од говорница рече:
,,Оваа иницијатива е посебна за мене, станува збор за згрижување на деца, за образование, станува збор за решавање на неколку социјални проблеми, а посебна е и затоа што со неа согледав нешто ново!
Во текот на овие две недели согледав еден контраст колеги!
Додека во оваа зграда слушнав “Ех што ќе сменат тие 1500 денари, кај биле кај не биле!”, на улица слушав “Браво, конечно ќе можам да почнам да барам работа, додека детето ми е згрижено во градинка!”
А тоа ми кажува само едно, многумина во оваа зграда се привилегирани! Многумина изгубиле допир со народот, со оној народ чиј избраници се тие! Многумина, со чест на исклучоци се слепи на сиромаштијата, се слепи на проблемите со кои се соочуваат огромен број на наши сограѓани, а на општинскиот и државниот буџет се сеќаваат само кога можат самите да уживаат привилегија!
Затоа, поддржете ја иницијативата колеги, а администрацијата ја молам да најде начин да постапи по неа!
Да воведеме нова социјална политика во работата на Советите, а Кавадарци да е првата Општина во државата каде згрижувањето на децата ќе биде право, а не луксуз!”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КАВАДАРЦИ

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ