Советникот од Левица, Ангеле Михајловски, на 12-тата седница во Советот на О. Штип постави советнички прашања поврзани со текот на реализацијата на крстосницата во населба Сењак:
Зошто до сега во овој изминат период, освен лично од Градоначалникот, немаше некое известување и информација од стручни лица од областа на инфраструктурата (инженер, проектант, надзор, урбанист итн.) за да објасни околу текот на одвивањето на работните активности кои очигледно не се одвиваат според планираната динамика?
Врз база на која сеопфатна анализа е донесена одлука регулацијата на оваа крстосница да биде со светлосна сигнализација (семафори) наместо со кружен тек?
На чија иницијатива беа донесени промени во проектната документација во фаза на реализација на тековниот проект и дали тие измени изискуваа финансиски реперкусии од Буџетот на О. Штип?
Зошто во проектот на посочената крстосница не се предвидени сливници за регулација на атмосферските води?
Дали на новореконструираната улица „Панче Караѓозов“ која од неодамна е пуштена во употреба е извршен технички прием и кои се имињата и презимињата на луѓето кои биле надзор на техничкиот прием?
Сите овие прашања ги тангираат граѓаните на Штип кои секојдневно ги упатуваат до нас.
Наше е да побараме одговор од властите кои и покрај проблемите за кои очигледно се свесни, уште посвесно ги притајуваат одговорите.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Штип
28 мај, 2022