Со цел овозможување на граѓаните полесен пристап до услугите на Општината, бараме од Градоначалникот да воведе двосменско работење на архивата, граѓанскиот сервис како и специјализирано одделение кое ќе дава услуги поврзани со данок на промет, наследство и подарок, данок на имот и комунална такса-фирмарина.
На овој начин сметаме дека ќе се задоволат граѓаните, ќе се зголеми ефикасноста на општинската администрација во издавање на решенија за данок и граѓаните нема да бидат приморени секојдневно да вршат притисок за добивање на решение за данок на имот со цел да не им се собираат повеќегодишни долгови кон општината и ќе се врши редовна и непречена наплата на данокот како и зголемување на буџетот на Општина Велес.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Велес
19 април, 2022