(Видео) ИНТЕРВЈУ НА КРМОВ ЗА СИТЕЛ: Гневот што го гледате кај мене и Апасиев е гневот на народот

Борислав Крмов, пратеник на Левица, во централниот Дневник на ТВ Сител

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, гостуваше во централните вести на ТВ Сител, во „Тема на денот“, кадешто меѓудругото истакна:
 
„Ако стратегија ја нарекувате нашата искреност, тогаш ДА – ние настапуваме искрено! Настапуваме без ракавици, ние одбиваме политичка коректност. За прв пат од 1991 до сега луѓето чувствуваат дека нивниот глас вреди, се чувствуваат прв пат застапени во Собранието. За прв пат почнуваат во политичкото да веруваат.
Што се однесува до критиките до лидерот Апасиев, јас мислам дека тие критики доаѓаат од едни центри. Тоа не се критики од народот одоздола, од огромното мнозинство на народ, коешто пати овие триесет години, туку тие доаѓаат од одредени центри, кои што инсистираат на политичка коректност..
 

Меѓу другото, ќе видите дека ние ако сме арогантни и дрски, ние сме арогантни и дрски со моќните, со заштитените, со тие што живеат во бели палати, додека со обичниот народ ние сме скромни и народот тоа го чувствува и на некој начин тој изблик на гнев што го гледате и кај мене и кај Претседателот Апасиев, е еден вид народен гнев, којшто излегува одоздола и до сега не беше застапен во Собранието и сега за прв пат после триесет години го гледаме.“

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ