(Видео) Радмила Накарада со поддршка за Ванковска како иден Претседател на Република Македонија

b88bc916a184ae3dfc8110ece37593c63

„Добар ден, јас сум Радмила Накарада.

Би сакала накратко да ви се претставам, бев професорка на Факултет за Политички Науки на Универзитот во Белград. Предавав скоро две децении на мировни студии моментално сум визитинг професор на Универзитот за Хуманистички Студии во Подгорица и соработник на “Институтот за Нов Југ” во Јоханесбург.

Дисциплината на студиите за мир, е всушност кругот во кој моето пријателство и соработка започна со Билјана Ванковска, и која трае веќе со децении.

Денес сакам да ја поддржам одважната одлука на Билјана Ванковска да се кандидира за претседателка на Македонија на претстојните избори, според мене одлуката е повеќекратно одважна а пред се затоа што зад неа не стои никаква голема политичка ниту финансиска машинерија.

Туку една искрена потреба, така да се изразам, ентузијазам на загриженост на јавна интелектуалка да зачекори во сферата на политиката и да се обиде да допринесе за трансформација на општеството во кое живее.

Значи не стои споменатата машинерија, но стои доследна посветеност на анализа на реалноста со отворени очи и отворено срце. Билјана Ванковска во своето академско делување, има прикажано несекојдневна подготвеност на бескомпромисно критичко размислување, но и способност за дијалог и социјална емпатија. Тоа што го има освоено и прикажано во академскиот свет според мене е впрочем тоа што ја препорачува за исчекор во овој политички свет.

Бидејќи нејзиниот промислен, аналитички дух и има овозможено во голема мера да разбере или барем да покажи искрен труд да поставува важни прашања и да ги осветли дилемите на изборите, кога се во прашање и националните, регионалните и глобални заплети.
И сето тоа без калкулации и подлегнување на опортунизмот. Затоа, мислам дека стекна способност да работи уверливо во склад со вредностите кои ги застапува, пред се вредностите на мирот и ненасилство. Но и пред се што е важно за регионот, да го афирмира правото на автономен избор на малите, полу-периферни држави кога станува збор за избори, расплети и решенија и стекнување претпоставки за урамнотежен развој кој ја почитува економската ефикасност. Но се држи и не го занемарува проблемот на еднаквоста и солидарноста.

Уверена сум дека Билјана Ванковска, заедно со нејзиниот внимателно одбран тим, соработниците ќе го претставува новиот и различен глас на политичката сцена на Македонија. И дека заедно ќе бидат во состојба да ја кренат креативната енергија на сега замолчените и да донесат навистина, доколку им се отвори можност да придонесат за напредок во прилог на општото добро на Македонското општество.“ – истакна професорката Радмила Накарада.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ