Димков: Дехуманизацијата на трудот

DSC_8625_resize

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Пишува: Кристијан Димков – Студент на филозофски факултет и Генерален Секретар на Црвена Младина

Во секојдневниот јавен па и академски дискурс користиме зборчиња/фрази, термини без притоа да размислуваме за нивната суштина и вистинско значење. Една од најчестите вака користени фрази е фамозниот пазар на труд. 

Постојано се говори за недостаток на соодветно квалификуван кадар на пазарот на трудот (па ќе увезуваме работници од странство), невработени да посетуваат преквалификација за да адекватно одговорат на барањата на пазарот на трудот, поранешни затвореници да се ресоцијализираат па да конкурираат на пазарот на трудот итн итн.

Но во самата оваа навидум невина фраза се наоѓа суштината на капитализмот. Земањето на активноста која е суштинска за човековото постоење – трудот, и претварајќи ја истата во стока која се купува и продава на пазар. Ако на капиталистот не си му потребен во моментов и/или му ја загрозуваш профитната маржа, око нема да му трепне за да те отпушти од работното место.

Типичен пример за погоренапишаново претставува конфекцијата АД „МОДА“ во Св. Николе. Која се „прослави“ во националните медиуми по објавената фотографија дека работодавачот (АД „МОДА“) секој работник го наградува со 5000 денари, доколку „доведат нов работник“ во компанијата, бидејќи конфекцијата се соочувала со недостаток на кадар.

Но, често неспоменат факт во оваа ситуација е дека истиот тој работодавач, конфекцијата АД „МОДА“ од Св. Николе, за време на корона кризата во 2020/2021 година, (како и впрочем огромен број други компании) истиот тој кадар што сега го бара го остави на улица бидејќи биле отпуштени 230!!! работници, и со тоа 230 семејства оставени без приход во време на криза и тешка инфлација.

Од оваа ситуација со конфекцијата АД „МОДА“ можеме да заклучиме неколку важни работи за ситуацијата во која се наоѓа трудот во современото капиталистичко општество:

– Оваа ситуација само потврдува дека во очите на капиталистот, работниците се ништо повеќе отколку ресурс, ресурс од кој е најмногу спремен да се одвои. Односно ако е профитот во ризик да се намали, нема да помисли дали да го отпушти работникот од работа. Но капиталистите во овие моменти забораваат дека, без експлоатацијата на работниците нема како да остваруваат профит.

– Сулудно е во капиталистичко општество да се говори за „намалување на стресот при работа“. Бидејќи ако говориме за стрес и причинители за стрес во современото општество, губењето на работата и останување без приход е меѓу првите на листата. Губењето на работата и стресот при работа не може да се одделат од капитализмот бидејќи тие претставуваат инхерентен дел и „главна мотивација“ на работникот да се појави на работа – а не сатисфакцијата на работата.

– Можеби најлошиот дел во цела оваа ситуација е дека истата треба да се да прифати како природен и нормален дел од секојдневниот живот. Секој човек кога ќе стане наутро треба да е свесен дека истиот тој ден од причини кои се надвор од нивна контрола – како на пример дека дете на капиталистот западнал во долгови и му се потребни пари – може да остане, народски кажано „на улица“

Ако може да се земе некоја поента од оваа колумна таа е дека работникот не треба да има никакво чувство на лојалност или на сочуство кон својот работодавач бидејќи, бидете уверени, чувството не е обострано.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ