И Долно Лисиче стана црвено

434493835_731515939138664_3228821233439896843_n

Феноменот Левица незапирливо се шири. Во општина Аеродром веќе се отвори и втората канцеларија во населбата Долно Лисиче. На официјалното отварање гостуваше и претседателскиот кандидат Билјана Ванковска и порача:

Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија. Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава.

Пред присутните се обрати и потпретседателот на Левица Реџеп Исмаил кој нагласи дека веќе се води претседателската кампања, а за скоро ќе почне и парламентарната кампања, па заради тоа е потребна сплотеност за да може „црвениот бран“ да победи во Македонија.

Да ги збиеме редовите и да делуваме. Затоа што карши нас е враг. Враг кој сака да нé уништи, да ни ја избрише меморијата, да нé направи некои други. Ние ако не сме свои на своето не можеме да изградиме ни држава онаква каква што сакаме.

434465452 731515775805347 5689678458873834080 n

Модераторот на ЛО Аеродром и советник во Општина Аеродром, Дејан Ристовски пред жителите на Лисиче зборуваше за проблемите што ги имаат со штетните ДУП-ови, кои градоначалникот Тимчо Муцунски сака да ги протне, а се погубни за Лисичани. Ги потсети дека само Левица е на нивна страна и жестоко се бори за нивните интереси.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ