Денес, 3 февруари 2021 година (среда), со почеток во 12 часот, во Собранието на Република Македонија (Струшка соба) пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија средба со амбасадорот на Република Франција – Н.Е. Сирил Бомгартнер.
На оваа прва протоколарна средба за запознавање се разговараше за повеќе актуелни теми, а меѓудругото стана збор за: европската перспектива на Македонија после бугарското вето, односите меѓу пратениците и пратеничките групи во парламентот, меѓуетничките односи во општеството, меѓународната соработка и позициите на Левица за одредени важни политички прашања и сл.
Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, а пратениците на амбасадорот му ја посочија корупцијата и етнизацијата како најголем проблем со кој се соочува македонското општество. На крајот од средбата, беше изразена подготвеност за идна активна соработка со Амбасадата на Франција.