Да бидеме генерациите кои ќе го возобноват антифашистичкиот и борбен дух на нашите предци

183742142_805757627026915_1505923469525431204_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

ВЕЧНА СЛАВА НА БОРЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНО И СОЦИЈАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Денес, кога силите на ревизионизмот агресивно се обидуваат да ја изедначат жртвата со агресорот, кога Европската Унија застанува во одбрана на шовинистичките барања на поранешните фашистички сојузници – од особена важност е да не дозволиме да биде избришана достоинствената антифашистичка и социјалистичка борба на македонскиот народ.

Тој, рамо до рамо со другите угнетени работнички народи, со голем број жртви и страдања, придонесе во макотрпната борба за ослободување од канџите на фашизмот. Барањата за измена на антифашистичката историја од страна на Бугарија; скандалозните изјави на премиерот Заев со кои се амнестираат злоделата на бугарските окупатори; уништувањето на спомениците на НОБ, како и јасниот став на ЕУ дека мора да има Договор со Бугарија – јасно укажува на тоа дека борбата против фашизмот не е завршена.

Македонскиот народ низ историјата трпел бројни неправди, злодела, притисоци, насилства, поделби и окупации – но, никогаш не дозволил да биде скршен неговиот дух за национална и социјална слобода. Да бидеме ние генерациите кои гордо и достоинствено ќе го возобноват антифашистичкиот и борбен дух на нашите предци!

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ!

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ