Со Законот за заштита и благосостојба на животните се пропишуваат општите услови кои важат за сите видови животни. Целта на законот е лицата кои се одговорни за животните и ја штитат нивната благосостојба се должни да обезбедат:
1. Животните да не се изложени на глад и жед;
2. Животните да се заштитени од неудобност и да се сместени во средина соодветна на нивниот вид;
3. Животните да се заштитени од болка, повреда или болест;
4. Животните да не се изложени на страв и вознемиреност.
Хоророт во Битола, наречен Зоолошка градина, претставува срам за градот. Страшно нехумани услови, несоодветна грижа, цела зоолошка мириса на измет, кафезите не се исчистени од кога се направени и истите се со несоодветни димензии, без да се води никаква грижа за потребите на животните.
Зоолошките како концепт се надминати во сите модерни држави и истите не вршат никаква едукативна улога, особено во вакви нехумани и брутални услови. Директорот Марјан Наловски, кадар на СДСМ, треба итно да понесе одговорност за ваквата срамна и нехумана глетка, како и несоодветно работење со претпријатието.
Локалниот огранок на Левица од Битола се залага за затворање на ваквиот нехуман концепт и развивање модерен, софистициран центар за запознавање и едукација со животните, кој ќе биде обележје на градот со кое битолчани ќе се гордеат.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
7 јули, 2021