Дали фирмата „ЕуроБрик” шест месеци не исплатила плата на вработените?

logo_popravka

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Како партија која ги застапува интересите на трудот, ја известуваме јавноста дека до нас пристигнаа пријави од работници кои што сакаат да останат анонимни. Пријавите  се однесуваат на скандалозно работење на фирмата „ЕуроБрик“ од Велес (поранешно „Киро Ќучук“).

Имено, согласно добиените информации од вработените кои што го пријавија ова несовесно работење, во фирмата „ЕуроБрик“ сивата економија била во подем, поради тоа што вработените кои што работеле во изминатите шест месеци немале потпишано договор за вработување.Освен ова, овие работници за истиот тој период немале добиено плата, ниту пак им биле придонесите.

Неколку вработени веќе имаат поведено судски спорови против оваа фирма, но сѐ уште нема епилог од самите постапки. Оваа фирма често била предмет на инспекциски проверки од страна на Трудовиот Инспекторат, УЈП, претставници на Министерството за Екологија (поради тоа што биле големи загадувачи), но ретко кога била санкционирана.

Ние, како политички субјект, ваквиот случај го пријавивме до Државниот Инспекторат за Труд, по што очекуваме надлежните институции во најбрз можен рок да ја испитаат целава ситуација и соодветно да постапат. Исто така, правниот тим на Левица стои на располагање на овие работници во рамки на своите можности и капацитети.


Сектор за Труд и Социјална Политика при Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ