Дали во конфекцијата „Ју-Ка” е вршено прикривање на заболени од Ковид-19?

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

И покрај огромните напори кои што ги вложува Левица во борбата за заштита на правата и интересите на работниците, сепак штетните дејствија од страна на работодавачите продолжуваат.

Денес добивме пријава од страна на наши сограѓани во која што тие ни наведоа дека во конфекцијата „Ју-Kа“ од Велес се случуваат низа нерегуларности. Имено, тие ни посочија дека во конфекцијата „Ју-Kа“ се вршени притисоци и закани кон работниците од страна на сопственикот, поради тоа што работниците стравувале за своето здравје и побарале подобрени услови за работа и редовна дезинфекција.

Согласно она што го добивме како информација, една од вработените во конфекцијата „Ју-Kа“ се заразила со КОВИД-19 и цела работна недела била приморана да работи во погоните на оваа конфекција, нешто што потенцијално би значело ширење на овој вирус на останатите работници во погоните. Работниците не добиле никакви подобрени услови, по што им било укажано од сопственикот на конфекцијата дека можат да си заминат во било кој момент и да потпишат спогодбени откази доколку не им се допаѓа работното место и условите за работа!

Ние како партија овој случај го пријавивме во Трудовиот и Пазарниот Инспекторат, по што оставаме на институциите детално да го разгледаат случајот и да постапат согласно нивните надлежности.

Левица нема да биде пасивна кога се повредуваат правата и интересите на работниците и ќе направи се што е во рамки на нејзините можности и капацитети со цел да го подобри животот и стандардот на работничката класа!


Реакција на ЛО Левица – Велес

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ