Фашизам е ставање на државата во служба на империјалистичките интереси!

121335657_680189556240889_7118911876070820784_o

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Нека ни е честит празникот, слава им на паднатите народни херои во борбата за слобода на целиот македонски народ – Смрт на фашизмот, Слобода на народот!

Првата пушка, која токму на денешен ден во 1941 година одекна во Прилеп, е само јавно, гласно и отворено декларирање на почетокот на вооружениот отпор од страна на македонскиот народ против бугарскиот фашистичкиот окупатор, поддржан од империјалистичките сили на оската, нацистичка Германија и фашистичка Италија. Оттука, овој ден, како почеток на народното востание е од суштинско значење за ослободувањето, како и борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Крунисувањето на оваа борба беше со конституирањето на Антифашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) каде, освен темелите, се исцртаа и идеалите на македонската државност.

Но, фашизмот не е анахрона појава, тој не е ограничен со практиките на Хитлер, Мусолини, а ниту пак со оние на цар Борис Трети. Фашизмот се јавува како последно упориште на владеjачките класи; како нивен најсуров обид да ја задржат својата доминантна КЛАСНА позиција – фашизмот е практика на домашната буржоазија, која, на штета на обичниот работен народ, државата ја фрла во скутот и службата на експлоататорските и лихварски интереси на западните империјалистички сили.

Денешна Македонија; од една страна – преку дел од соседните држави како маша на западниот империјализам – негирајќи ѝ го основното право на државност, суверенитет, па дури и нарушувајќи и го нејзиниот територијален интегритет, како и доведувајќи ја во прашање нејзината унитарност; од друга страна пак – преку домашната владеjачка класа – изборното лажирање и неесапењето на народната волја, безграничноста на непотизмот, кронизмот и корупцијата, опседнатост со строго и драконско казнување, презирот кон интелектуалците и уметниците кои не творат под палката на владеjачката партија, суровиот притисок и контрола врз работничката класа, ревносното штитење и поттикнување на моќта на приватната сопственост, испреплетеноста на власта и религијата, како и тоталната контрола на масовните медиуми; Македонија дефакто ја прави окупирана држава, каде статус-квото се одржува со типично карактеристични политички практики на фашизмот.

Како повод на овој ден, наша должност е уште еднаш да го потсетиме македонскиот народ дека неговата ослободителна борба има антифашистичка традиција. Независноста на неговата држава, следствено и неговото националното ослободување, беше токму во духот на антифашизмот како борба против капиталистичките интереси на домашната буржоазија и борба против империјалистичките стремежи на соседните држави – борба за СОЦИЈАЛИЗАМ! 

Нека ни е честит празникот и нека е слава на паднатите борци. Сушноста на нивната борба и победа, како и идеалите на АСНОМ нека бидат наша водилка кон иднината.

Смрт на фашизмот!
Долу капиталот и буржоазијата!
СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ!


121335657 680189556240889 7118911876070820784 o 2

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ