Институтот за фолклор 10 години без пари за научно-истражувачка дејност

институт-марко-цепенков

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Веќе согледавме дека игнорирањето и маргинализирањето на најзначајните институции, кои се насочени кон зачувување, или промоција на македонската култура и историја, е еден од основните методи со кој власта придонесува кон ерозијата на вредностите на македонската нација. Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ е еден од тие примери.

Се работи за институт, кој е придружна членка на УКИМ, а е под надлежност на МОН, чијашто улога е да го документира, архивира и да го афирмира нашето богато народно творештво. И покрај ваквата значајна улога, овој институт со години е игнориран и веќе десет години функционира без пари за научно-истражувачка дејност. Од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, бараат да бидат вратени на финансирање преку програми, како порано, или да се донесе нов Закон за научно–истражувачка дејност, кој ќе овозможи средства за проекти, кои тие веќе десет години не ги добиваат.

Од МОН одговараат дека работат на целосна промена на начинот на финансирање на научно-истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање и продолжување на грантовото финасирање и дека работна група работи на целосно нов Закон за научно–истражувачка дејност.

Останува нејасно, како успеаја да ја сработат фамозната концепција за реформи во основното образование за нецели три месеци, со цел истата да биде аргумент за милионско задолжување, додека куп институции, кои се занимаваат со научно-истражувачка дејност опстојуваат на маргините, без можност да го реализираат целиот научен потенцијал на научниците, кои се заробени во овие институции.

Грижата за културното наследство и унапредувањето на науката се фундаментални во секое просперитетно општество. Левица во својата програма се залага за создавање посебен буџет за развој на науката, во процент кој е соодветен  на праксата на ОЕЦД, со цел да се оживее научно-истражувачката дејност.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР КУЛТУРА
15 февруари, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ