Карпошани и во лето дишат загаден воздух

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Карпошани и во лето дишат загаден воздух. Речиси секој ден во вечерните часови, мерните станици на територијата на општина Карпош покажуваат зголемено ниво на загаденост. Оваа појава е повеќе од алармантна, особено поради тоа што се случува во летниот период.
Самото ова ги открива потенцијалните загадувачи, кои очигледно не се автомобилите бидејќи во овој период од денот фреквенцијата на сообраќајот е на минимално ниво, а ниту пак домаќинствата бидејќи грејната сезона сѐ уште не е започната.

Повеќе од сигурно е дека нема ништо од најавите на Градоначалникот за интензивирањето на теренската работа на службите за спречување на загадувањето и инспекторите при општина Карпош. Сликањето и давањето изјави за медиумите од страна на градоначалникот Богоев не е начин за борба против загадувањето и обезбедувањето на фундаменталното човеково право – чист воздух.

Иако планот за чист воздух беше главен приоритет во предизборната кампања, единствено што сведочат граѓаните е префрлање на одговорностите, без никакво релеватно објаснување кој го труе Карпош во летниот период. Градоначалникот Богоев ѝ должи на јавноста објаснување кои се субјектите кои непречено и неказнето загадуваат и зошто властите немаат преземено конкретни мерки за нивно лоцирање. Ваквото незаинтересирано работење на локалните власти од СДСМ укажува само на тоа дека овие субјекти се заштитени директно од политичките елити, додека профитираат од загадувањето на воздухот и труењето на граѓаните.

Реакција на ЛО Карпош.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ