Квартална исплата на плати во ЈУ Универзална Сала

Левица Град Скопје

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На минатата седница на Советот на Град Скопје за советнички прашања, член на Советот од Левица го постави следното прашање: ‚‚Дали е точно дека вработените во ЈУ Универзална Сала нередовно добивале плати, т.е. дека тие се исплаќале квартално поради несовесното управување со установата? Доколку е точно ова, би сакале да знаеме од што е предизвикано?‘‘ до тогашниот директорот од редовите на ЛДП Филип Аврамчев.

На 18-ти март 2022 година, Аврамчев го даде следниот одговор: ‚‚Во врска со исплатите на плати, можам да ви кажам дека сите вработени во институцијата имаат земено плата заклучно со месец февруари и дека воопшто не е точно тврдењето дека вработените земале плата на квартално ниво. Мал застој имаше во исплаќањето на плати поради административни причини по потпишување на колективниот договор за култура минатата година, но истото се случи во многу културни институции во тој период и тој застој не беше повеќе од две недели.‘‘

За време на неговото работење, во 2020 година, платите се исплаќале вака:

На 05.05.2020 и 06.05.2020 исплатени се износи од по 692 000 денари кои се однесуваат на надоместокот за февруари и март, а на 20.05.2020 исплатени се 670 000 денари кои се однесуваат на април од таа година.

На 29.09.2020 исплатени се платите за јули, за три дена подоцна на 02.10.2020 да се исплатат плати за август, и на 20.10.2020 за септември од 2020, овој пат во износ од над 900 000 денари.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Град Скопје
12 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ