Левица бара прогласување вонредна состојба и одложување на изборите

83261451_138447867158423_1654675041712865280_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Поради новонастанатата ситуација со епидемијата на коронавирусот, а тргнувајќи од грижата за јавното здравје, политичката партија Левица ја известува јавноста дека бара програсување на вонредна состојба од страна на Претседателот на Република Македонија и одлагање на распишаните Предвремени парламентарни избори. Истовремено, сакаме да ја известиме јавноста дека, заради кризата ги суспендираме сите наши планирани партиски активности, како и отворањето на новиот прес-центар и на четирите нови канцеларии на локалните ограноци.

Левица, како единствена надетничка и работничка партија, освен мерките кои досега ги изрекоа Владата и Министерството за здравство, бара итно да се воведат и следниве дополнителни кризни мерки:

  • најстрога забрана за делење откази во сите сектори и драконски казни за газдите кои ќе се дрзнат да бркаат работници од работа;
  • замрзнување на цените на сите основни прехранбени продукти;
  • замрзнување на цените на маските, антибактериските гелови, лековите и медицинските помагала;
  • мораториум на присилната наплата од страна на извршителите;
  • мораториум на плаќањето рати за банкарски кредити;
  • мораториум на течењето затезни камати за неплатени сметки за комуналии;
  • мораториум на исклучувањето граѓаните од електричната, водоводната и телекомуникациската  мрежа.

Истовремено, до Левица стигнаа повеќе анонимни дојави за непочитување на препораката на здравствените власти, каде што работничките-мајки на малолетни деца, под закани и притисоци за отказ, биле спречувани да го остварат своето право на платен одмор, а тие кои сепак се осмелиле да побараат отсуство – биле избркани од работа! Најочигледен ваков пример е странската инвестиција „Кромберг и Шуберт“, фабрика која и покрај огромната опасност од ширење зараза, продолжува да работи со полна пареа и со своите над 5.000 вработени виси како темпирана бомба над цела Битола. Од вработените дознаваме дека, откако е започната кризата, заради намален промет во фабриката, напуштени се над 1.000 вработени, а неофицијално дознаваме дека се планирани уште плус 300 откази!?

Поради тоа, Левица ги охрабрува сите работници кои добиле откази или чии права се прекршени во ова време на криза, да нѐ исконтактираат и уште еднаш ги известуваме дека нашиот Правен сектор им стои на располагање за давање правна помош. Воедно, наши волонтерски тимови од сите локални ограноци стојат на располагање на општинските власти, заради евентуално опслужување на потребите на постарата популација од населението.

Борбата на обичниот човек е наша борба! Само заедно и солидарно ќе ја пребродиме оваа криза!

Президиум на Левица
Скопје, 16.03.2020

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ