ЛО Левица Струмица: Да се отвори откупен центар за пазарните вишоци на земјоделски производи

12439422_1557480677915453_2783420587040863974_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

ЛО на Левица Струмица смета дека протестите на земјоделските здруженија заради ниските отпупни цени на земјоделските производи, се демократско право на изразување на незадоволство и истите ги оправдува и поддржува.

Истовремено, ЛО на Левица Струмица, смета дека ниските откупни цени на зелката е само дел од многу поголем проблем кој постои во земјоделието. Немањето на загарантирана откупна цена и загарантиран откуп е причина за сите проблеми со откупот на земјоделските производи. Решавањето на овој проблем кој е системски, неможе да се случи преку ноќ.

Затоа, предлагаме да се отвори откупен центар за пазарните вишоци на земјоделски производи, кој би бил главен снабдувач со храна на сите воспитно образовни институции, државни болници и армијата.

Истовремено овој центар може да врши и преработка на земјоделските производи, нивно конзервирање или сушење. Ова не е нешто ново, ова и порано постоеше преку земјоделско-индустриските комбинати но со неправичната приватизација овие комбинати беа затворени.

                                 12963486_1557480674582120_1278776555024589308_n 12439422_1557480677915453_2783420587040863974_n

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ