Левица по повод закажаната расправа во Собранието за промената на изборниот модел

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Деновиве во медиумите излезе веста дека наскоро Собранието ќе расправа во врска со предлозите за измена на изборниот модел. По изјавите на дел од пратениците, вклучително и изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери, се забележува дека коалиционите партнери во владата, СДСМ и ДУИ стојат на различни позиции по однос на ова прашање. Истото важи и за најголемата опозициска партија ДПМНЕ е која најавува дека нема да го поддржи таквиот предлог.

После сето ова, оправдано е да се посомневаме дека расправата закажана за 11-ти декември ќе биде само уште една фарса од политичкиот театар во режија на естаблишментските партии каде преку преќутен договор се усогласуваат. Јасно е дека тие нема да се договорат за она што ќе им ја загрози нивната доминантна позиција, но ќе биде дел од демократизација на изборниот процес во целост.

Но, сепак да го почекаме исходот од оваа седница, и притоа да ја искористиме приликата да ги потсетиме народните избраници во Собранието дека нивниот легитимитет извира од народот – а не од партијата преку чија листа се избрани. Согласно тој легитимитет, барем по вакви суштински прашања, да не бидат слепи послушници на нивните штабски наредби за гласање по автоматизам во Собранието – туку да го поддржат моделот за една изборна единица во насока на демократизација на изборниот модел и разбивање на монополот кој го уживаат големите партии.

Во однос на изборниот модел Левица, покрај тоа што се залага за прогласување на целата територија на Република Македонија за една изборна единица, сметаме дека треба да се усвои уште и:

– Забрана за предизборни коалиции со цел да се остави простор за да се измерат силите на сите политички субјекти поединечно и да се спречи појавата на пајтон партии;

– Упростување на Донтовиот модел како метод за распределба на мандати од партиските листи;

– Да нема изборен праг со цел да не се доведеме во полоша состојба од претходната во однос на фаворизирањето на големите партии преку изборниот модел. 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ