Левица поднесе кривична пријава против Нина ГРУПЕР

jovana-pres

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес Левица до Основното јавно обвинителство (ОЈО), поднесе кривична приjава против поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска (ГРУПЕР). Причината за пријавата е тоа што таа, додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од  Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители

По повод оваа пријава, нашиот член на Президиумот, Јована Мојсоска, денес пред ОЈО, одржа прес – конференција, со цел да ја информира јавноста.

„Со ваквото умислено и противправно однесување пријавената го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело Несовесно работење во службата.

За ова кривично дело е предвидена тригодишна затворска казна како јавен деликт насочен против службената положба.

Дополнително и Антикорупциска комисија отвори предмет против поранешната министерка, каде констатира етичка и професионална одговорност кај пријавената. Ова е јасна оценка за нарушениот кредибилитет и интегритетот на Ангеловска,  како носител на јавна функција и поради тоа сметаме дека треба да се повлече од извршување на сите јавни функции.

Потенцираме дека самата постапката е фарсична, каде се констатира само ЕТИЧКА, а не и ПРАВНА одговорност и поради тоа нашите пратеници во координација со спикерот ќе ја повикаат претседателката Билјана Ивановска на првите пратенички прашања, кои ќе се одржат на крајот на месецов.

Левица ја разгледува можноста да ја прошири кривичната пријава и против други поранешни или актуелни службени лица.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
25 декември, 2020

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ