Кичевската гимназија „Мирко Милески“ во декември беше домаќин на гости од Португалија, Франција,Турција, Грција и Хрватска преку програмата на Ерасмус+.
Бевме сведоци на прекрасни видеа и слики од оваа организација, се додека не дојдовме до сознанија дека за да се реализира оваа програма, директорката на гимназијата Милка Спасевска, се служела со мобинг врз вработените (што е секојдневие од кога е таа назначена за директор), како и земање мито (од 50 до 100 евра) од професорите, за реализација на проект за програмата на Ерасмус+.
До Левица Кичево пристигнаа повеќе пријави од страна на вработените, за конкретниов случај. Вработените се жалаат дека се случуваат чудни и незаконити работи, а поголемиот дел се премолчуваат во исчекување да и помине мандатот.
За директорката Милка Спасевска се знае дека е назначена од страна на СДСМ и јавно агитираше и даваше поддршка на актуелниот градоначалник Фатмир Дехари. Иако е јавна тајна дека се случуваат вакви работи веќе подолг период, директорката е недопирлива пред законот.
Очигледно е дека директорката е привилегирана и заштитена од институциите на власта во деструктивното работење и самоволие, бидејќи е кадар на СДСМ, а воедно и сопруга на инспектор во ДБК.
Еден од многуте случаи на мобинг е и заменик директорката за која до нас стигна и вибер конверзација од вработените.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИЧЕВО
21 јануари, 2022