Преспанското езеро е доказ за незаинтересираноста на политичките елити и енормната експлоатација на природните ресурси, во услови на лоша законска регулатива и недоречености, немање речиси никаква контрола и корумпираност на институциите во секоја сфера. Она што во моментов се случува со Преспанското езеро е плод на долгогодишната пасивност на владите предводени од страна на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.
Во време кога второто по големина езеро во Република Македонија се соочува со најголемата закана, никој од надлежните од Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, не излезе на јавноста да ја соопшти состојбата со ова езеро, а уште помалку излегоа со итни мерки за надминување на овој проблем.
Левица повикува на итна реакција со цел спречување на поголема катастрофа и ревитализација на Преспанското езеро, но и на ЛИЧНА одговорност за непреземањето на превентивни мерки. Истовремено, потенцираме дека водата е најважниот природен ресурс и со доаѓањето на власт, Левица ќе забрани било каква приватизирање на водата и давање под концесија на водните ресурси.