Во пресрет на претстојниот христијански празник Велигден, а во контекст на незавидната економска ситуација во која се најдовме поради корона вирусот, ЛО Левица Велес реши од денес да ја постави оваа закачалка на хуманоста. Секој што има потреба може да земе, а оние кои сакаат да донираат можат да закачат кесе со храна. Важно е само истата да биде добро спакована и конзервирана. Закачалката ќе биде поставена пред нашата канцеларија секој ден од 6 до 16 часот.
Ги повикуваме сите граѓани да покажеме дека сме хумани кога е и најпотребно!