Марин мора да одговара за аздисот со трошење народни пари

218686420_609073653811051_2618440411458124853_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Не може да се постигне со реакции на налудничавите трошења на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин од СДСМ. Од столбови и бекатон, до корпи за отпадоци и клупи со астрономски суми. За телефони и репрезентација, патувања и разни нематеријални задоволства дури е дегутантно да зборуваме, се троши без мерка и како да ќе нема утре. Дури и во време на пандемијата, дрско и грубо тој си беше распишал и тендер за бина и лед осветлување кое чинеше неверојатни 25.000 евра, за што реагиравме и со прес-конференција каде локалниот модератор Дарко Масларковски постави прашање, за кое не добивме официјален одговор.

На социјалните мрежи неговата десна рака – ново назначениот директор Владимир Стевков на измисленото Јавно Претпријатие за наводен развој, дури се закани со тужба за клевета и кажа дека средствата не се исплатени на фирмата што ја бива за сѐ и сешто – Лапласт М, давајќи гаранција дека истите ќе се пренаменат. Па еве ја користиме оваа прилика да прашаме за што се пренаменија овие небулозни 25.000 евра?

Градоначалникот Марин и неговата „екипа” треба да знаат дека со влегување на Левица во општината ќе бидат детално разгледани сите матни зделки, сомнителни тендери и јавни набавки, а следствено на тоа ќе сносат и одговорност!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
23 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ