Незаконски избркани 250 работници од Конфекција Стоби,властите го штитат газдата!

76773183_3116992221708324_1301555621048352768_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес Левица поднесе пријава до Државниот инспекторат за труд против велешката конфекција Стоби, откако неколку работници алармираа до нас дека директорот Сашко Крстевски заштитен од сите институции спроведува невидено самоволие и закани спрема работниците. Двеста педесет работници ќе останат на улица без отпремнина, без здравствено осигурување и сите права кои законски им следуваат, додека трудовиот инспектор од Велес кој очигледно го штити газдата на конфекцијата, не успеал да утврди никакви прекршувања!

Работниците во Стоби со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници. Дополнително, газдата на конфекцијата Стоби ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен. За конечно, во период од 40 дена да бидат избркани 250 работници, со тоа што при бркањето им било кажано дека добиваат бланко лист кој има намена за обнова на договорот, а добиле спогодбени договори за отказ.

Дел од работниците кои сакаат да ги остварат своите законски права дури добиле и директни закани од газдата дека доколку некој се осмели да го тужи, ќе заврши лошо – затоа што се работи за локален моќник заштитен од сите досегашни власти! За ваквото насилничко однесување и тортура врз работниците ниту една институција нема преземено мерки, додека работниците кои се осмелиле да пријават до инспекторат подоцна биле изложени на дополнителни закани од газдата на конфекцијата!

Ваквата тортура и експлоатација врз работниците системски се врши од страна на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, кои целосно отуѓени од потребите на народот, се претворија во робовладетели врз сопствениот народ. И како такви ќе бидат казнети и елиминирани токму од својот народ!

76773183 3116992221708324 1301555621048352768 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ