РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ
И покрај бурните реакции кои што ја брануваат јавоста, во тек е пилот-проект со цел во наставата да се воведе сеопфатно сексуално образование како посебен предмет. Протнат под маса, исто како концепцијата за наводна реформа во образованието.
Министерката Царовска, во манир на хибридниот режим во чие што име стои на чело на МОН, ја турка оваа агенда сокриена под превезот на наводна загриженост поради заштита од злоупотреба на децата, а всушност силувајќи го правото на мислење преку наметнување идеологии втемелени на либералните интереси на капиталистичката класа, со цел идните возрасни што порано да бидат впрегнати во остварувањето на капиталистичките експлоататорски цели.
Квалитетното сексуално образование мора да нуди систематски и сеопфатен пристап за децата да се информираат, да усвојат позитивни ставови со цел кај нив да се развие почит кон социјалните и сексуалните релации и да се поттикне одговорно однесување.
Сосема е несериозно сексуалното образование да им се препушти на невладини или граѓански организации. Изготвувањето на наставните програми и содржини бара сеопфатен, високостручен пристап и истото мора да биде доверено на институтите за социологија, педагогија, психологија и соодветните медицински институти.
Програмските заложби на Левица се да донесе нова, сеопфатна и научно издржана реформа во образованието, како и воспитување втемелено на високи морални и етички вредности, кои ќе бидат нов стандард во општеството.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ