Отворен ден во Кочани

83261451_138447867158423_1654675041712865280_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ги известуваме сите наши симпатизери и членови кои, поради работни или други обврски, сè уште не успеаја да се потпишат во процесот на пререгистрација на Партијата – овој викенд ќе можат да го сторат тоа во нашата локална канцеларија во Кочани, на улица „Маршал Тито” бр.42 (во центарот, кај Триаголникот).

Оваа сабота (01 февруари), од 12:00 до 14:00 часот, посетете ја нашата локална канцеларија и преку непосреден разговор со претседателот на Левица – доц. д-р Димитар Апасиев, заедно со највисокото партиско раководство од Президиумот и ЦК, изнесете ги своите лични предлози и идеи за нашата предизборна Програма, станете член на Левица или придонесете во процесот на пререгистрација со брзо пополнување Ваша Изјава на лице-место. Со вас единствено понесете важечка лична карта или пасош.

Сите граѓани и секој поединец кој не го прифаќа триесетгодишното статус-кво е добредојден на отворената средба.

p.s. Додека нема Правда за народот – нема да има ни мир за елитите!

#ПотпишиСеЗаТретаОпција
#ЛевицаВоПарламент
#Левица2020

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ