Проблемите со водоснабдување во Овчеполието го загрозуваат земјоделецот

93670703_2712291975708542_8239272081607360512_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Разрушениот систем за водоснабдувањето во Овчеполието е слика за секојдневните проблеми со кои се соочува земјоделецот во Македонија. Дотраени цевки, чести дефекти и ненавремени отклонувања на дефектите го чинат скапо земјоделецот.

Минатата година од мај до средината на јуни месец во овој регион немаше вода, додека корисниците добиваа фактури за плаќање на водата. Дури над 95% од водокорисниците добија фактура и за површини кои не се наводнувани.

Без стабилен систем за производство на храна и сериозни државни инвестиции, државата не може да биде независна и економски стабилна. Земјоделецот и работникот наместо да се стожер на државната економија, тие живеат на маргините, незаштитени и без никаква гаранција за нивната егзистенција.


Реакција на Земјоделски сектор при Левица.


93670703 2712291975708542 8239272081607360512 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ