Саудиска Арабија поддржана од западот повторно го бомбардира Јемен

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Воени авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија извршија напад во северо-западен Јемен денес, на светиот муслимански празник. Во нападот најмалку 19 цивили се загинати или повредени, од кои повеќето се жени и деца. Вахабистичката Саудиска Арабија уште еднаш покажа дека религијата во рацете на семејството Сауд е само алатка за репресија и одржување на својата владеачка династија и воопшто не се грижи за солидарноста помеѓу верниците, како темелна вредност на Куранот и исламот воопшто.

Според јеменски медиуми, цел на нападот бил дом во кој живееле цивили и бројот на загинати сега за сега изнесува најмалку 11. Овој напад не е изолиран случај и е само последниот во низа на воен и економски геноцид кој се врши во Јемен од страна на Саудиска Арабија и нејзините (пред се западни) партнери. 

Јавна тајна е дека во Македонија, како и низ Балканот, Саудиска Арабија финансира изградба на вахабистички храмови и формирање на про-вахабистички и реакционерни политички партии. Ниту оваа, ниту било која претходна власт не се осмелила ниту јавно да проговори за ова, а уште помалку да ја реши заканата по стабилноста на државата

На сите искрени муслимани Левица им го честита празникот.

Реакција на Секторот за надворешна политика и безбедност

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ