Владата со Кочо Анѓушев легализира хидроелектрани во заштитени подрачја

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Новиот предлог Закон за урбанистичко планирање претставува скандалозно решение за засилената деградација на животната средина и урбанистичкиот хаос во Македонија, предизвикани од бизнис-интересите на инвеститорите и урбаната мафија. Новите законски решенија предложени од коалицијата на власт се крајно манипулативни, нетранспарентни и исклучиво во насока на задоволување на апетитите на поединци, кои и досега профитираа од несакционираното уништување на природните богатства. 

И покрај сите скандали со контроверзно носење на ДУП-ови, узурпирање на јавен простор, издавање концесии за градба во заштитени подрачја, како и погубните концесии за рудниците на смртта,  Владата на СДСМ одлучи јавноста да биде исклучена при носење одлуки за изградба на хидроелектрани, рудници и други објекти од таканаречено државно значење, при што самата недефинираност остава простор за злоупотреба под притисок на моќното бизнис-лоби.

Наместо да се креира државна стратегија насочена кон обновливи извори на енергија, се стимулира изградба на мали хидроелектрани дури и во малиот број на заштитени подрачја, чиј бенефит во однос на енергијата е минорен, додека неповратната штета врз животната средина и егзистенцијата на локалното население е огромна. Голем дел од овие проекти се изведуваат нестручно и неодговорно од страна на инвеститорите, за кои нема инспекциски надзор и соодветни санкции за деградираната животна средина. Последиците од ваквото толерирање од страна на бирократизираните институции се манифестира во пресушени речни текови, уништено непроценливо природно богатство, како и загрозени ретки животински видови.

Јасно е дека овој закон е донесен поради интересите на вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој е еден од најзасегнатите во бизнисот со мали хидроелектрани. Дел од хидроелектраните на компаниите на вицепремиерот се директно финансирани од Европската банка за обнова и развој, која беше вклучена и во финансирањето на рудникот на смртта Иловица – Штука.

Очигледно е дека единствен приоритет на Владата на СДСМ и ДУИ се лукративните интереси на крупниот капитал, а не заштита на јавните добра, природните богатства и интересите на обичните граѓани. Вака предложената законска стратегија ќе ги продолжи деструктивните политики водени од интересот за профит, со кои беа одземени и приватизирани националните богатства и природните ресурси од граѓаните на кои првично им припаѓаа. Влада каде главен предводник е претставник на крупниот капитал не може да ги застапува барањата на работничкиот и сиромашниот народ, туку единствено се грижи за олигарсите и моќниците кои го стекнаа своето богатство токму преку грабежот на државните добра и сиромаштијата на обичниот народ. 

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ