Вчеравечер, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска ја продолжи својата изборна кампања во Тетово, каде што огромен број на граѓани беа присутни да ги слушнат нејзините пораки.
Професорката Ванковска од Тетово порача: ,,Тетово ме асоцира на потребата да ја зборуваме вистината за Рамковниот договор, зашто 20 и кусур години живееме без знаење каде лежат нашите најдраги да ги погребаме! Ние имаме визија за поинаква Македонија и тоа не е бајка ниту утопија! Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан!”
На митингот освен проф. д-р Билјана Ванковска, беа присутни и претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев и носителот на пратеничката листа на Левица за ИЕ6, Игор Димески.
Претседателот Апасиев во своето моќно обраќање пред Тетовчани порача дека е време да се стави крај на ДУИЗАЦИЈАТА и АЛБАНИЗАЦИЈАТА на Македонија за која најмногу се виновни македонските политички елити кои измеќаруваат на УЧК.
Црвено и непокорно Тетово ја препознава Левица како единствена опција на овие избори и професорката Ванковска како единствен кандидат кој заслужува да биде претседател на Македонија.