Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Покана за прес – Настаните во Бутел: Веќе прочитано сценарио

Во сабота, 5 март, во 11.30 часот Левица ќе одржи прес конференција на Скопското кале на локацијата каде во 2011 година беше исцениран меѓуетнички судир во иста режија.

Фарсата во режија на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поставувањето на Орелот во Чаир и Крстот во Бутел е веќе прочитано сценарио. Истото сценарио беше применето во 2011 година со градењето и рушењето на таканаречената „музеј-црква“ на Скопското кале. Но ваквите сценарија повеќе не поминуваат кај граѓаните на Македонија. Повеќе не може толку евтино да се потпалува национализмот. Нашиот народ, и Македонците и Албанците, осозреа во меѓувреме. И Левица се гордее што е така.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Најнови објави