Изборите на 5 јуни се противуставни!

header-pratenicki-sostav

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица предупредува дека во случај да се одржат избори на 5 јуни ќе биде прекршен Уставот на Република Македонија! Според Уставот, една од темелните вредности на уставниот поредок се демократски избори. И оној што има најелементарно познавање од правото сфаќа дека најелементарен услов за демократски избори е да има избор барем помеѓу две опции, а сега тоа не е случај.

Упатуваме јавен повик до пратениците од антирежимските партии да влезат во Собранието и да не го напуштаат Собранието сѐ додека Претседателот на Собранието не свика седница на која ќе биде повлечена одлуката за самораспуштање на Собранието, а со цел да не дојде до прекршување на Уставот. Пратениците земаат плата и во овој период. Нека си ја заработат!

Бидејќи одењето сами на избори се работи за хир, кој ќе го прекрши Уставот и кој ќе ја чини државата 7,5 милиони евра (!), ДИК да побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја уплати оваа сума пред да почне да троши пари за организирање на изборите. Не сме толку богати за да фрлиме 7,5 милиони евра за нечиј хир!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ