Лозарите во Македонија повторно изиграни!

workers-in-Nappa-Valley-California-harvesting-Pinot-Noir-10002104

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

workers-in-Nappa-Valley-California-harvesting-Pinot-Noir-10002104

На 25.08.2016 година беше постигнат договор меѓу претставниците на винарските визби и „претставниците” на лозарите, во посредство со локалните власти- на кој беше договорено откупната цена на доминантните сорти грозје во нашето лозарство да изнесува: кратошија 13 денари и смедеревка 11 денари. Овие откупни цени, како и откупните цени на останатите сорти грозје се застарени и датираат уште од 2005 година. Во меѓувреме трошоците за производството на грозје се повеќекратно зголемени во споредба со 2005 година, па оттука произлегува дека лозарите со овогодишната откупна цена нема да ги покријат ни производствените трошоци, а не пак вложениот труд. Трудот како и многу години наназад останува неплатен, со што и во оваа област се покажува односот на оваа власт кон трудот. Имено оваа власт е целосно сервилна кон крупните сопственици (во овој случај кон сопствениците на винариите) и  на сметка на трудот на лозарите не презема ништо околу ова очигледно ограбување.
Покрај проблемот со откупната цена на грозјето постојат и други проблеми со кои се соочуваат македонските лозари. Еден од поголемите кои со години наназад не е решен и е крајно ургентен е и доцната исплата на откупеното грозје, која почнува дури по половина година од предавањето на грозјето. Овој проблем дополнително ги осиромашува лозарите со тоа што создава нивно задолжување, кое се поставува како нужно како навреме би ги купиле потребните материјали за производство во наредната година.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ