Судскиот прогон против Мариглен Демири продолжува


Денес, во 12 часот е закажано новото рочиште на судскиот процес против Мариглен Демири поради учество на минатогодишните протести по повод аболицијата на Ѓорѓе Иванов. Според сознанијата кои ги имаме од одбраната, обвинителството ќе ги презентира видео доказите со кои органите на прогонот се стекнаа преземајќи ги од интернет порталите. Освен Демири, од Левица на забот на хајката се наоѓа и Здравко Савески, коj минатата година повеќе од два месеци беше во куќен притвор, како мерка за обезбедување на присуство.

За разлика од минатата година, оваа година, после насилното влегување во Собранието на Република Македонија, претепувањето на пратеници и демолирањето на Собранието, обвинителството и органите на прогонот не се толку ажурни.

Сподели ја веста: