Став на Левица околу ангажманот на Бранимир Јовановиќ во Министерството за финансии

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица се чувствува повикана да реагира на прашањата на јавноста во врска со ангажирањето на наш член, д-р Бранимир Јовановиќ, во Министерството за финансии во новата влада на СДСМ, ДУИ и АА. Сакаме да укажеме дека Левица не учествува во новата Влада и дека ангажманот на Бранимир Јовановиќ во Министерството за финансии е како економски експерт, врз основа на неговата претходна врвна работа како економист.

Нашиот став е дека оваа Влада е составена од личности со заемно противречни погледи за економијата и општеството; а единственото добро што произлегува од формирањето на Владата на Заев е тоа дека престана автократското, криминогено владеење на ВМРО-ДПМНЕ, што не е мала работа, но е недоволна за надминување на горливите проблеми.

Но, сепак, посакуваме Бранимир Јовановиќ да придонесе кон остварување на политичките погледи и заложби, кои се во интерес на работниците, сиромашните, младите и другите маргинализирани групи.

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ