Опасноста по Унеско статусот на Охридско езеро сè уште не е надмината

ohrid-plaza-leto-640x320

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Иако владата на СДСМ еуфорично најави дека не постои опасност за губење на УНЕСКО статусот на Охридско езеро, таа одбива да ја спроведе главната препорака на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО: воведување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион. Дополнително, на една од седниците на Владата беа усвоени информации кои се однесуваат на активности во Охридскиот регион, а кои предвидуваат крајбрежни трансформации на Охридското езеро.

ohrid plaza leto

Ваков допис испратија денес три еколошки органзиации со барање до премиерот Заев во рок од 30 дена да воспостави итно воведување на мораториум на сите градежни активности во Охридскиот регион. Здруженијата потенцираа на фактот дека изминатиов период засилено се изведуваат градежни активности на Охридското крајбрежје, како продолжување на спорната изградба на хотелот во Лагадин. Овие денови исто така струшка локална иницијатива апелираше за нелегално изведување градежни активности со тампонирање и сечење трска на струшкото крајбрежје. Иако од струшката иницијатива беше поднесена пријава до повеќе локални и државни органи за изведување незаконски градежни работи во заштитен природен појас, сè уште нема никаков одговор, ниту од надлежните институции, ниту од јавно повиканите функционери.

Молкот и непреземањето никакви дејствија за спречување на градежната експанзија која зема замав на охридско – струшкото крајбрежје води до сомнение за штитење на силни бизнис интереси од страна на владата, при што директно се загрозува статусот на Охридското езеро. Левица е против уништувањето  на природните богатства заради остварување на мегаломански профити од страна на поединци и реализирање партиски договори и затоа силно го поддржува барањето за итно воведување на мораториум на Охридското крајбрежје.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ