Реакција за експлоатираните работници од АД Тајмиште Кичево и Еурокомпозит Прилеп

levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во овие тешки времиња газдите, седнати по елитни ресторани ги пијат најпрефинетите вина и ги јадат најскапите јадења, го носат најскапоцениот накит и облека со парите заработени од трудот на работниците. Овие капитало сопственици и експлоататори на туѓ труд и покрај многуте апели, писма, жалби и поплаки за случувањата во нивните фирми во врска со работничките барања сепак остануваат комплетно незаинтересирани кон тоа како тече живот на работниците и остануваат пасивни без одговор кон овие барања. Избегнуваат да ги решат проблемите и одбиваат да ги исплатат заостанатите плати на трудот, на обичните беспомошни работници кои чесно, мачно и со пот ги заработиле а сепак несигурни во тоа дали воопшто и кога ќе го добијат тоа што им следува.

Во АД Тајмиште Кичево чиј главен сопственик е Владимир Толески кој учествуваше во приватизацијата на објекти и во нивно купување за ефтини пари при што се стекна со голема имотно богатство. Еден од тие објекти е општинската зграда во Кичево за која неколку децении зема кирија од парите од данокот што го плаќа обичниот граѓанин, додека во неговата фирма 100-тина работници од оваа фирма последен пат земале плата во декември 2017-та! Додека пак работниците од Еурокомпозит Прилеп останаа со 16 неплатени плати и неплатени придонеси од 2012 година и во неколку наврати биле прелажани само за да го прекинат револотот што се створил кај нив. Левица ги поддржува најавените протести на овие работници.

Левица, единствена работничка партија, ги поддржува сите угнетени работници и освен што дава придонес во нивната борба ги охрабрува работниците и политички да се организираат како би ставиле крај на оваа нивна голгота. Левица апелира до газдите што поскоро да ги исплатат заостанатите плати на работниците, во спротивно ќе излезе рамо до рамо со работниците на кои е спремна и да им понуди правна или било кава помош во остварување на нивните барањето за основните работнички права.

levica

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ