Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Пратениците на Левица остварија средба со рускиот амбасадор Баздникин

Денес, 16 март 2022 година (среда), со почеток во 13:00 часот, во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието на РМ – пратениците на Левица проф. д-р Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија деведесетминутна работна средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин.

На оваа втора официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на специјалната воена операција во Украина и последиците од истата по меѓународниот поредок. Акцент се стави на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија.

Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените русофобски изјави на шефот на дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како провокаторски и непријателски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите односи меѓу македонскиот и рускиот народ. Пратеникот Апасиев се огради од последните контроверзни дејствија на македонската дипломатија и потсети дека овие нецивилизирани антируски чекори воопшто не ја изразува волјата на мнозинството македонски граѓани. Осудени беа и непотребните санкции кои Република Македонија, под притисок на ЕУ и НАТО, ги воведе спрема Руската Федерација – од кои најголеми губитници ќе бидат токму македонските земјоделци, а потенцирана беше и заканата од загрозување на досегашниот постоечки безвизен режим меѓу Москва и Скопје, што ќе го отежне патувањето и транспортот меѓу државите.

Отворени беа и други важни прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, а беа опфатени и теми од современата геополитика. Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа, а на крајот од истата на амабасадорот му беше врачена и свечена монета со ликот на Гоце Делчев, која Левичарскиот институт „Рацин“ ја изработи по повод 150 годишнината од раѓањето на овој македонски великан.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
16 март, 2022

Најнови објави