Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица учествуваше на Женска Трка со своја екипа меѓу 2000 учеснички

На 10-то, јубилејно издание на Женската трка, врнежливиот ден не ги спречи пријавените 2000 жени да се појават на стартот и успешно да ја финишираат трката.

Левица имаше своја екипа меѓу натпреварувачките. Учество земаа Катерина Јовановска, Наташа Стефановска, Персида Отовиќ-Стојановска и Весна Кираџиева која беше и победничка на оваа трка.

Воедно, тимот на Левица, оваа трка ја трчаше со портокалови панделки, со цел да дадеме поддршка на жените кои со соочуваат со мултипла склероза (МС) и да ја подигнеме свеста, бидејќи МС ТРИ ПАТИ почесто се дијагностицира кај жените, наспроти мажите.

Им честитаме на победничките, но и на сите учеснички и секако, на организаторите за овој извонреден настан.

Најнови објави