Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

За енормниот долг во јавните претпријатија подеднакво се виновни и СДСМ и ДПМНЕ

,,За превработеноста во Јавните претпријатија имате подеднаква вина и едните и другите. Криминалот има име и презиме и сите директори кои што придонесле за оваа ситуација во јавните претпријатија, кои се огрешиле од законот треба да бидат посочени и од вас и од другите…

Ако некој го оштетил јавното претпријатие кое припаѓа на сите граѓани, на сите охриѓани, на целиот народ, бидејќи сите ние ги плаќаме тие вработени, тогаш тој треба да одговара , да ги врати парите кои бесправно ги присвоил. Тоа според мене треба да биде санкционирано.

Јас побарав ревизија, не за да ги нападнам овие директори, сегашното раководство, туку побарав ревизија за да се утврди работењето на Јавните претпријатија наназад, да видиме зошто ЈП се во ваква ситуација во која што се. И треба да си ја прифатите одговорноста и едните и другите.

Ние од Левица немаме ниту едно вработување, тоа можете и вие да го потврдите. Но, сега не е време да се обвинуваме еден со друг, мислам дека е време да направиме напори сите заедно да ги спасиме Јавните претпријатија од пропаст.”

Реплика на советникот на ЛЕВИЦА во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, кон советникот на ДПМНЕ, Наум Јамандиев, во врска со излагањето по повод извештаите на Јавните претпријатија во Охрид.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Охрид

21 мај, 2022

Најнови објави