Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Пратеничката на СДС, Соња Михаиловска од Делчево, доби 661.527 денари само од надоместок за патни трошоци!

    Само во периодот од август 2020 година до крајот на истата, пратеничката Соња Михаиловска добила парични средства на име патни трошоци во износ од 160.829 денари. Во 2021 година надоместокот за патни трошоци изнесувал 372.365 денари, додека од почетокот на годината, до месец мај, 128.333 денари народни пари биле префрлени на сметка на пратеничката. Вкупниот износ, од почетокот на мандатот, па до денес, изнесува неверојатни 661.527 денари!

    Потсетуваме дека пратеничката Соња Михаиловска гласаше против предложените измени во Законот за јавни патишта од страна на Левица со кои се предвидуваше намалување на цената на патарините за 50%.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-ДЕЛЧЕВО

    25.МАЈ.2022

    Најнови објави