Општина Гостивар склучува договор за набавка на гориво на општинските возила за кои се плаќа гориво како да минуваат 670км на ден

LO GOSTIVAR-ЛО ГОСТИВАР

На ден 22.02.2022 година, Општина Гостивар склучила договор со МАКПЕТРОЛ АД- СКОПЈЕ за набавка на гориво за потребите на општинските возила во вредност од 30.000 евра. Иако секоја општина има потреба од гориво за службените возила, сепак спорниот момент е во тоа што вредноста на овој договор изнесува многу повеќе отколку што е потребно за редовното транзитирање на општинските возила.

Со оглед на тоа дека договорот е потпишан на 12 месеци, при што секој месец содржи 22 работни денови, испаѓа дека општината троши по 110 евра за гориво на ден. Така, според моменталните цени на горивата, кои во груб просек изнесуваат 100 денари по литар, се доаѓа до пресметката дека во просек општинските возила трошат по 67 литри гориво на ден.

Ако се земе во предвид дека со еден литар гориво, едно просечно возило поминува 10км пат, тогаш доаѓаме до заклучокот дека возилата на општина Гостивар, дневно поминуваат по 670км  пат, или по 2700км неделно.

Општина Гостивар располага со 10 службени возила, што значи дека секое возило треба да поминува по 670км на ден, според сумите одвоени за гориво врз основа на овој договор.

Дополнително, земајќи во предвид дека Гостивар е мал град, овие нереални суми за гориво за општинските службени возила би биле потребни ако сите овие возила патуваат секојдневно во Скопје.

Притоа, како што може да се види од договорот, финалната вредност на овој договор подлежи на промени во зависност од цената на горивата и трошењето на општинските службеници. Исто така, битно е да се земе во предвид дека овој договор е склучен пред да се покачат цените на горивата и плаќањето се врши во неколкукратни аванси, што значи дека на крајот вредноста на овој договор може дополнително да се зголеми.

Од горенаведеното може да се заклучи дека вредноста на овој договор е далеку поголема отколку што општинските возила имаат реална потреба за гориво. Ова само потврдува за тоа како локалната власт од Алијанса за Албанците крајно нерационално ги троши парите на граѓаните, додека капацитетите на градинките се преполни, а училиштата остануваат запуштени со години.

Сето ова се случува во време кога просечниот граѓанин и жител на општина Гостивар, мака-мачи да го наполни својот резервоар со гориво како резултат на нафтената криза, а општинските власти и градоначалникот Арбен Таравари се лукзузираат со 110 евра за гориво на ден.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ГОСТИВАР
30 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ