(Видео) Апасиев: За нас нема ЕУ и покрај капитулациите – уште колку треба да голтаме?!

Апасиев собрание комисиска apasiev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Дел од говорот на претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев за уставните измени:

,,Во овој историски момент на ЕУ не ѝ е дојдено до проширување и затоа нашата генерација за жал никогаш нема да дочека влез во ЕУ, а го чекаме тој воз уште од кога бевме забавачиња и првачиња. Што ни направивте вие за возврат? Низа на капитулации. Анонимусни бирократи ни ги навиваат часовниците и ни велат да го затнеме носот и да голтнеме!

Колку пати ќе треба да голтнеме, премиере? Четириесет пати Уставот го менуваме. Еве ја професорката која предава уставно право – нѐ учеа дека Уставот се менува со рака која трепери, со ум. Треба да визионирате, но што вие направивте? Четириесет амандмани имаме на Уставот: колку пати треба да голтаме?

Голтавме за ФИРОМ, ајде за 6 месеци ќе беше, голтавме за знамето, за Рамковниот, за територијалната поделба, за Преспанскиот со кој станавме Северномакедонци, за илегалната двојазичност без потпис на Претседателот, за добрососедство со некогашен окупатор и така понатаму. Колку пати ќе голтаме? Имате ли вие кичма и достоинство, имате ли национална гордост? Имате ли некој идентитет кој сакате да го заштитите?’’

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

26.07.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ