Од страна на советникот Дарко Масларковски од советничката група на Левица во советот на Општина Аеродром, низ институтот советнички прашања се постави прашање за инклузивноста во воспитно-образовните институции, градинките и основните училишта.
Вработените не се обучени и спремни да се соочат со предизвиците, има и недостаток на стручен кадар, каде еден дефектолог е задолжен за 7 градинки.
Од Левица побараа општината да се вклучи во обезбедување на практични обуки за вработените, како и зголемување на бројот на стручни лица (дефектолози, логопеди, психолози) во процесот на инклузија и реално подобрување на воспитно-образовниот процес. Стоиме цврсто убедени дека средства мора да се обезбедат за подигнување на условите за вистинска инклузија и мора како една напредна општина да бидеме предводници на тие процеси.
15 МАЈ 2022