На седницата на советот на Општина Аеродром на точката за ребаланс на Буџетот додека во жестока дискусија се напаѓа советниците на СДС и Градоначалникот Муцунски за нереализирани ветувања од своите програми, советникот на Левица, Дарко Масларковски зеде збор да им посочи на присутните но и на сите кои гледаа во моментот дека двете политички партии 30 години го лажат народот и аеродромци со зборчето “ЌЕ” кое наместо идно време претставува честичка за лага.
Истите ветувања за капитални проекти во општина Аеродром како општинска зграда, културен дом, читална и библиотека и многу други проекти се повторуваат на секој изборен циклус и нивните програми и за локални и за парламентарни избори.
Време е за промена, не за замена и конечно решавање на проблемите и потребите на една од најголемите општини во Македонија.
#ЛевицаЗаАеродром
#ЛевицаВоСоветите
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АЕРОДРОМ
09.11.2023