Гостување на професорката Ванковска во емисијата Zoom на вториот канал на Македонската Радио Телевизија со господинот Ерсан Пајазити каде што опиша зошто нејзината заложба за укинувањето на Охридскиот договор е добра за СИТЕ граѓани на Македонија, вклучувајќи ја и албанската етничка заедница.
Го адресираше и проблемот со етничката сегрегација на децата кој го наметна системот разделувајќи ги од градинка па се до универзитет! Таа како претседателски кандидат поддржан од Левица се залага за граѓански устав кој не го дели народот на етнички заедници!