(Видео) Ванковска за укинување на Рамковниот договор: Уставно втемелена етничка сегрегација не смее да има

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

,,Ванковска е за една нормална демократија. Почнувајќи од Рамковниот договор. Тој си ја изврши својата функција во едно драматично време, беше наметнат од надвор како наводно „мировен“ договор, имплементиран дури и во Уставот!

По 20 години Рамковниот покажува дека од час во час влегуваме во една „либанизација“ и една уставно втемелена етничка сегрегација, која веќе доаѓа до апсурд!

Веќе немаме ниту една институција која може да ја конституираме без да се помисли на етничкиот фактор! Во граѓанските држави, во вистинските демократии, каде што граѓанинот владее, тоа не е природна работа!

Мојата поента е дека Рамковниот договор си ја заврши својата историска функција и ако сакаме понатаму треба да се соочиме. Или одиме во бинационална и федерализирана држава или ќе се вратиме и ќе бидеме како нормалните држави.” – изјави професорката Ванковска.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ