Димков: Партизацијата на образованието

DSC_8625_resize

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Пишува: Кристијан Димков – Студент на филозофски факултет и Генерален Секретар на Црвена Младина

За да може едно општество да почне да се нарекува демократско потребни се општествено партиципативни и политичко активни граѓани. Граѓанственоста иако е статус кој правно се стекнува со државјанство, тој сам по себе ништо не значи. Бидејќи вистински граѓанин не се раѓа, туку се станува. Граѓанинот се создава и се обликува во рамките на општествените институции кои дејствуваат како агенси на примарна и секундарна социјализација. 

Најважните институции кои учествуваат како агенси на социјализација во процесот на создавање на граѓанинот се семејството како најважен примарен агенс на социјализација и училиштето како убедливо најважен агенс на секундарна социјализација.

Токму од таа причина за училиштето (и образованието воопшто) се вели дека е парекселанс (типична) институција на граѓанственоста. Односно училницата/предавалната претставува местото каде што индивидуите влегуваат како деца а излегуваат како граѓани кои имаат критичен поглед и активен став кон општествените случувања.

Токму поради оваа важност на образованието како моторот на едно општество, криминогените картел партии кои се на власт во Македонија во изминативе триесеттина години континуирано (до сега успешно) работат на уништување на образованието, бидејќи се свесни за неговата круцијална важност во создавање на граѓани кои понатаму активно ќе учествуваат во општествениот и политичкиот живот.

На коруптивните и криминогени политички елити во земјава (па и пошироко) и на нивните сопственици односно капиталистите, не им се потребни млади луѓе кои размислуваат со своја глава. Не им се потребни граѓани кои активно учествуваат во подобрување на општествената стварност во која живеат. На криминогените и коруптивни политички елити и нивните сопственици им се потребни пасивни граѓани кои, да го цитирам еден од најдобрите комичари на сите времиња: Џорџ Карлин „Се доволно паметни да ги извршуваат своите работни обврски а доволно глупави за да не сфатат колку системот ги зафркава“.

Начинот на кој политичките елити системски го уништуваат образованието е типичен за т.н картел партиите. Во политикологијата под картел партии се подразбираат партиите кои кога ќе дојдат на позиција на власт се инфилтрираат во општествените институции со цел да се задржат што подолго на позиција на власт.

Овој процес на инфилтрација во општествените институции во Македонија е екстремно воочлив во образованието. Односно преку вработување на својот електорат во образовните институции, базирано на социјален капитал, а не на мерит систем драстично се’ намалува квалитетот на образованието. Што впрочем и сите меѓународни релевантни истражувања го покажуваат, на пример Образовниот индекс што го квантификува Организацијата на Обединетите Нации, Македонија ја пласира на 78 (последно во Европа) место во друштво со Самоа, Панама и Јамајка.

Политичките елити во Македонија се свесни дека ако создадат добар образовен систем со квалитетни материјали за учење, образовен кадар вработен по мерит систем и т.н. кој би произведувал активни граѓани, всушност самите би си го „копале сопствениот гроб“.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ